Покетино е незадоволен во ПСЖ, можно е враќање во Тотенхем!

Маурисио Покетино е еден од кандидатите за нов тренер на Тотенхем, пишува англиски „Атлетик“.

Аргентинецот во јануари го презеде ПСЖ со кој го освои Купот, но не успеа да стигне до титулата во лигата и се погласни се шпекулациите дека ќе биде заменет.

Од друга страна, Тотенхем е во потрага по тренер откако Мурињо замина и токму Аргентинецот е една од опциите. „Атлетик“ пишува дека Тотенхем веќе го контактираше тренерот кој ги водеше од 2014. до 2019. година и го изјави својот интерес за негово враќање.

Но, ПСЖ наводно не сака да остане без Покетино и покрај лошата сезона. Покетино е незадоволен во Париз, бидејќи не успеа да развие хемија со играчите, па дури и самиот тој размислува за враќање во Лондон, каде наредната сезона најверојатно нема да биде Хари Кејн.