Покетино му порача на Меси: Тренерот ги носи одлуките!
ПСЖ со 2:1 по драматичен пресврт во последните моменти од натпреварот го победи Лион и дојде до шестата победа во исто толку натпревари.
Парижаните на ремито против Бриж во ЛШ одговорија со победа во дербито, но натпреварот целосно го засени моментот од 66. минута. Покетино се одлучи да го замени Лионел Меси и да го внесе во игра Ашраф Хакими, на Аргентинецот тоа не му се допадна, па при излегувањето од терен не му подаде рака.
Покетино по натпреварот даде изјава во која се обиде да објасни што се случи, а истакна дека меѓу него и Меси нема проблеми.
„Сите знаат дека имаме низа сјајни играчи, имаме екипа од 35 одлични фудбалери. Меѓу нив мораме да бираме за натпреварот, но и да правиме промени во текот на истиот како би го направиле она што е најдобро за секој играч. Некогаш тие одлуки се добри, некогаш лоши, но тренерот е тој кој мора да ги донесе тие одлуки. Тоа може некому да се допаѓа или не. Го прашав Меси како е, рече дека се е во ред, нема проблеми.“ – рече Покетино.