Политано ќе го скокне дербито со Интер заради позитивен ковид-тест
Фудбалерот на Наполи, Матео Политано, ќе биде ставен во изолација откако добил позитивен тест за ковид-19.
Тој ќе мора да го пропушти викенд- дербито со Интер што значи дека се отвора шанса нашиот, Елиф Елмаз, да започне од првата минута, најавуваат медиумите во Италија.
Македонскиот репрезентативец имаше две блескави партии на квалификациските мечеви против Ерменија и Исланд и беше еден од најзаслужните за нашиот пласман во баражите за Мундијалот.