Половина Европа го бара напаѓачот на Далас
Челниците на Манчестер Јунајтед размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Далас, Рикардо Пепи. 18-годишниот талент на вкупно 30 натпревари од почетокот на сезоната во МЛС-лигата даде 13 голови и направи 2 асистенции.
За неговите услуги се заинтересирани и Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, но, според информациите на „Ил Ресто дел Карлињо“, „црвените ѓаволи“ се чекор понапред во однос на конкурентите.
Италијанскиот клуб Болоња исто така планираше да го ангажира Американецот во јануарскиот трансфер период, но, најверојатно тоа нема да се случи.