Половина Премиер лига го сака Мекена на клупата

Неодамна се појави веста дека еден од кандидатите за нов тренер на
Манчестер Јунајтед е тренерот од Северна Ирска, Киеран Мекена.
Стратегот на Ипсвич направи голем подвиг со „тракторите“ кои по
повеќе од две децении ги врати во Премиер лигата и со тоа го
привлече вниманието на Јунајтед каде своевремено работешe како
помошник и како тренер во младинските категории. Но, според
последните информации „црвените ѓаволи“ добиле сериозна
конкуренција.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за
Мекен, како и Брајтон, кои будно ја следат ситуацијата со 38-
годишниот стратег.
Се погласни се шпекулациите дека Челзи е подготвен да го замени
Маурицио Почетино кој со тимот се пласираше во Конференциската
лига, а во клубот сметаат дека тоа не е доволно добро.
Од друга страна, Роберто де Зерби веќе го напушти Брајтон, па така
тие се веќе во потрага по нов тренер. Раководството на Брајтон сака
млади и преспективни тренери, а нема дилеми дека Мекен е токму таков, па тој сериозно влегол во нивните опции.
Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата, а засега не се
исклучува можноста Мекен и да остане во Ипсвич за да го води овој
тим и во Премиер лигата.