Половина Премиер лига следната сезона ќе игра во Европа

Претставниците на англиската Премиер лига ќе бидат најбројни во европските натпреварувања и следната сезона.
И не само тоа – клубовите од Островот ќе го срушат претходниот рекорд по број на клубови во натпреварувањата на Стариот континент, во сезоната 2026/2027 ќе настапат со девет клубови.
Во најпрестижното натпреварување, Лигата на шампионите, Англија ќе има дури пет претставници, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул.
Во Лигата на Европа ќе играат Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас, откако го обезбеди своето место со освојувањето на трофејот од Конференциската лига во финалето против Рајо Ваљекано.
Честа на Англија во третото најквалитетно европско натпреварување следната сезона ќе ја брани Брајтон.