Половичен учинок за македонските фудбалерки на пријателските натпревари

Македонската женска репрезентација одигра два натпревари против Молдавија во рамки на тренинг кампот во Банско, Бугарија (21 – 29.октомври). Нашата најдобра женска селекција славеше со 1-0 на првиот меч со гол на Улза Максути, додека молдавките со истиот резултат запишаа победа на реванш натпреварот.

А репрезентација и селекторот Андов го искористија овој ФИФА прозорец за подготовка за квалификацискиот циклус заженската Лига на нации и Европските квалификации за 2026 година кој започнуваат во февруари следната година, а извлекувањето на групите е закажано на 7. ноември во Нион, Швајцарија.

На тренинг кампот во Банско, македонската женска селекција до 19 години одигра два меча против домашната репрезентација. Бугарија славеше со 1-0 на воведниот и 3-0 на вториот натпревар. Репрезентацијата на Астрит Мерко се подготвува за квалификацискиот турнир во Португалија од 27 ноември до 3 декември во лига А, рунда 2.