Полска му ја нуди селекторската позиција на Славен Билиќ

Полската фудбалска федерација сака да го доведе хрватскиот селектор Славен Билиќ на функцијата селектор на оваа репрезентација, пренесуваат полските медиуми.

Полска остана без селектор кон крајот на минатата година кога португалскиот селектор Пауло Соуза се пресели во бразилски Фламенго. Славен Билиќ неодамна остана без работа, откако го напушти тимот на Пекинг Гуан по завршувањето на сезоната во кинеската лига.

Репрезентацијата на Полска во март ќе игра во бараж натпреварите за Светското првенство во Катар. Полуфиналето ќе го играат на гости кај Русија, а во евентуалното финале противник би им биле Чешка или Шведска.