Полска пресилна, трет пораз за македонските одбојкари на Европското првенство

Нашите најдобри одбојкари го претрпеа и третиот пораз во групата „Б“ на континенталниот шампионат.

Тие денеска во Софија очекувано загубија од европскиот шампион Полска со максимални 3-0 по сетови 25-19, 25-16 и 25 -13.

Македонија до крајот ќе игра со Португалија и Израел и со евентуални две победи ќе има реална шанса да си обезбеди место во наредната фаза на Европското првенство.