Пол Погба го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед сезонава

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека Пол Погба можеби веќе го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед сезонава.

Францускиот играч за врска, кому договорот со Јунајтед му истекува на крајот од сезоната, се повреди на самиот почеток од мечот со Ливерпул и беше принудно заменет. Според Рангник, на 29-годишниот Погба ќе му требаат најмалку четири недели да се опорави од здобиената повреда.

„Мислам дека нема голема веројатност да го видиме повторно на теренот оваа сезона. Ќе му требаат околу четири недели да се опорави, така што речиси е невозможно тој повторно да заигра на последните неколку натпревари“, рече Рангник.