Пол Погба дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед

Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Пол Погба има намера следната сезона да се врати во својот поранешен клуб Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.

 Погба наводно одлучил да ги прекине преговорите со својот сегашен клуб за продолжување на договорот кој истекува следново лето и од јануари може да потпише преддоговор со друг клуб.

Желбата на Погба е да се врати во редовите на „старата дама“ каде настапуваше во периодот од 2012 до 2016 година. Тој е подготвен да потпише три годишен договор со значително помала плата и му наложи на својот менаџер Мино Рајола да започне преговори со торинскиот гигант.