Пол Џорџ казнет со 35.000 долари заради јавно критикување на судиите

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ е казнет со 35.000 долари. Надлежните од НБА-лигата парично го санкционираа играчот поради јавно критикување на работата на судиите, објави инсајдерот и добар познавач на лигата Шамс Харанија. Одлуката за паричната казна беше донесена врз основа на зборовите на 30-годишникот по поразот од Далас (89:105) на 17 март. Џорџ изрази незадоволство од судиската работа, велејќи дека неговиот тим требаше да добие повеќе слободни фрлања. Пол ги обвини судиите дека лажат и нивната работа ја нарече „лудило“. Играчот исто така изјави дека сака да го испрати видеото со контроверзните моменти на НБА за евалуација. Сепак, како резултат на критиките Џорџ доби казна од лигата.