Поместено првото пролетно коло во Бундеслигата
Враќањето на Бундеслигата по божиќните и новогодишните празници може да пропадне. Речиси сите екипи имаат голем број заразени, а шампионот Баерн, кој во петок ја отвора фудбалската година со домашен натпревар против Борусија Менхенгладбах, објави четворица позитивни на коронавирусот. „Следните неколку дена ќе ги поминам во карантин бидејќи сум позитивен на коронавирус“, напиша Нојер на Фејсбук. „Се чувствувам добро и имам само благи симптоми. Ви благодарам на сите за вашите желби. Бидете здрави и внимавајте“.
Поради кризата, Баерн го откажа почетокот на тренинзите за понеделник. Сите играчи прво ќе бидат тестирани. Во Борусија (М) досега исто така има четворица позитивни играчи.
Со оглед на многуте случаи на коронавирус во тимовите, челниците на фудбалската федерација допрва треба да одлучат дали натпреварите ќе бидат одложени и дали може да биде прескокната цела прва рунда.