Попович: Европската кошарка ја подобри НБА лигата

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович не сакаше да го пропушти Евробаскетот. Тој беше гостин на тимот Милано и тренерот Армани Еторе Месина, со кого соработуваше во Спарс, а во таа прилика за италијански Скај проговори колку се блиски американската и европската кошарка.

Грег Попович го следеше дуелот помеѓу Италија и Грција на кој играа двајца НБА играчи Симоне Фонтекио и Јанис Адетокунбо. Флавио Транкило од „Sky Sports“ побара интервју од харизматичниот Поп и доби доста интересни одговори.

„Пред десет години американската кошарка се базираше на тројки и забивања. Со доаѓањето на кошарката на европската телевизија, мислам дека сите беа возбудени поради тоа. Европската кошарка има многу повеќе движења без топка, двата света долго време беа разделени но сега се се поблиску. Посебно ние тренерите, менаџерите почнуваат да го разбираат тоа. Благодарение на толку многу странци во НБА, видовме дека се повеќе играчи се свртуваат кон основите, различните вештини, особено кога станува збор за шутирање. Научивме дека треба да се вратиме на основите“, рече Грег Попович.