Поради КОВИД-19, откажани сите скијачки натпреварувања во Норвешка

Меѓународната скијачка федерација ФИС, соопшти дека откажани се сите натпреварувања од Светскиот куп кои оваа сезона беа планирани во Норвешка. Причина за откажувањето на натпреварувањата се строгите епидемиолошки услови за влез во Норвешка, а ФИС најави дека дополнително ќе биде соопштено кога и каде ќе се надополнат откажаните натпреварувања. Измеѓу останатите, откажани се натпреварувањата за скијачи во Квитфјел, ски скоковите во Осло, Лилехамер, Трондхајм и Викерсунд, како и натпреварувањето во скијачко трчање во главниот град на Норвешка.