Поразот во Суперкупот донесе нови кавги во соблекувалната на Барселона
Малку недостасуваше Антоан Гризман да биде херој на Барселона со два погодоци, но Атлетик Билбао со неверојатен пресврт славеше со 3:2 по продолженија.
По натпреварот, Гризман беше воочливо бесен, не го криеше незадоволството, а беше критичен и кон своите соиграчи.
„Секако дека сум бесен, повторно примивме лесно голови. Лошо ги браниме прекините, лоша ни е и комуникацијата, некој мора да командува и да каже како да се поставиме.“ – вели Гризман.
Шпанските медиуми пренесуваат дека овие зборови не се добро прифатени во соблекувалната, наводно беа упатени кон Тер Штеген, а германецот без дилеми е најдобриот играч на Барселона сезонава.
Гризман ја подигна формата на последните четири натпревари, но тоа не му дава за право да ја критикува одбраната.
Останува да видиме како играчите ќе реагираат по оваа нова „кавга“ во каталонскиот клуб.