Пораз во четири сета за Пелистер волеј против Струмица Жени

Одбојкарките на Струмица жени по два порази во низа запишаа важна победа на гостувањето во Битола, кај Пелистер волеј so 1-3 во шестото коло од Првата лига жени. Во натпреварот со многу пресврти кај струмичанки пресуди прволигашкото искуство кое им донесе можеби клучни гостински три бода во плеј-оф трката.
Девојките на Вардар ЕМ, исто така, стигнаа до победа која може да биде значајна за нив, со победата од 3-1 над градскиот ривал Фит Фан Волеј. Со овој триумф „црвено-црните“ влегоа во победничка низа во најсилното домашно женско друштво.
Лидерот Работнички Скопје и Наковски волеј, кој со еден бод е зад него на табелата, држат позитивен ритам од самиот старт на сезоната и досега се непоразени во првенството. Токму поради тоа и нивниот меѓусебен дуел следната недела ќе биде во центарот на вниманието. Последниот натпревар од шестото коло кај дамите, кое носи епитет дерби ќе се игра в понеделник во СЦ „Форца“ кога се соочуваат Газели волеј и Јанта волеј КВ.
Прва лига (ж)
Шесто коло:
Ускана – Работнички Скопје 0-3 (17-25, 14-25, 12-25)
Вардар ЕМ – Фит Фан Волеј 3-1 (25-13, 21-25, 25-16, 25-23)
Пелистер волеј – Струмица Жени 1-3 (21-25, 23-25, 25-22, 12-25)
Наковски волеј – Младост УГД 3-0 (25-20, 25-18, 25-14)
Газели волеј– Јанта волеј КВ – 17 ноември