Шон Дајч верува дека може да врши подобра работа од Рубен Аморим

„Тој нема да го смени начинот на кој што игра. За негово добро, треба да почне да победува натпревари. Верувам дека, ако јас би отишол таму и играв на мој начин, ќе победувавме повеќе. Само 4-4-2, дај им основни правила и принципи“, храбро изјави Шон Дајч. 

Откако Рубен Аморим ја презеде улогата на менаџер, Манчестер Јунајтед има загубено 13 од своите 25 натпревари во Премиер Лигата. Иако англискиот гигант моментално се наоѓа на клубско најлошо 16-то место во лигата, сепак може да се квалификува за Лигата на Шампионите со победа над Тотенхем во финалето на Лига Европа. 

Покрај критиките, поранешниот менаџер на Евертон призна дека отсекогаш сонувал да го води Манчестер Јунајтед поради огромната инфраструктура на клубот и глобалната почит. 

„Отсекогаш сум сакал да го водам Манчестер Јунајтед поради големината на клубот и неговата величественост“, рече Дајч кога беше запрашан за неговата идеална работа. „Знам дека моментално минуваат низ тешка фаза, но целиот свет го чувствува тоа. Тоа е голем клуб со уште поголем статус.“