Поранешен фудбалер на Реал Сосиедад потпиша за Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го претстави најновото засилување во средниот ред. Нов член на жолто црното семејство е шпанскиот фудбалер Маркел Гони Ибаргурен.

Ибаргурен во својата кариера бил дел од неколку познати клубови во Шпанија како Реал Сосиедад, Раjо Кантабрија, Замора и Аренас, а интернационално искуство стекнал и во кипарскиот Ахиронас.

Со македонскиот клуб играчот потпиша договор на една и пол година, а од Арсими му посакаа добро здравје и многу успеси во дресот на тимот.