Поранешен фудбалер на Фенербахче и Бешикташ убил еден, а ранил четворица во Турција
Пензионираниот турски фудбалер Сезер Озтурк е уапсен пред осум дена откако во пукање со пиштол убил една личност, а ранил уште четворица, информираат турските медиуми.
Тие пренесуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и Бешикташ заедно со својот пријател два пати пукал на луѓето со кои дојде до инцидент во сообраќај.
Засега нема потврдени информации и детали, но медиумите наведуваат дека Озтурк веднаш по пукањето избегал од местото на случајот и беше уапсен подоцна.
Според пишувањата, најпрво дојде до физичка пресметка, а потоа фудбалерот заедно со својот пријател влегол во своето возило и пукал.