Поранешна победничка на Вимблдон се повлекува од тенисот
Чешката тенисерка, 35-годишната Барбора Стрицова, најави дека си заминува во спортска пензија, додавајќи дека се надева последниот натпревар да го одигра пред публика, но по нејзиното породување во 2022. година.
„Би сакала тоа да биде на Вимблдон, но доколку тоа не е можно, тогаш тоа ќе биде во мојата татковина Чешка.“ – вели Стрицова, која во 2019. година на Вимблдон ја освои титулата во женски парови, а во сингл стигна до полуфинале.
Во кариерата има две титули во сингл конкуренција и 31 титула во парови, додека во 2016. година ја освои бронзата во парови на Олимписките игри во Рио.
Во моментот се наоѓа на 52. место на ВТА листата, а најдобар ранкинг имаше во 2017. година, кога беше 16.