Поранешниот член на Јувентус, Фабрицио Миколи, осуден на 3,5 години затвор
Италијанскиот суд донесе пресуда со која на бившиот играч на Јувентус, Фабрицио Миколи, му се определува затворска казна во траење од 3 и пол години.
Некогашниот италијански репрезентативец, кој освен во Јувентус беше член и на Палермо, е прогласен за виновен поради неговите врски со сицилијанската мафија. Имено, Тој побарал помош од познати мафијашки имиња за наплата на долг од 12.000 евра.
Според официјалната истрага било докажано дека својот долг Миколи го наплатил со помош на неговите мафијашки пријатели кои употребиле брутални методи врз неговиот должник.
Случајот е започнат од 2010 години но дури сега е донесена правосилна одлука.