Португалецот Андре Силва се враќа во Серија А

Андре Силва игра фантастично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Португалецот ќе биде примарна цел на Јувентус следното лето. Андре Силва блеска оваа сезона во дресот на Ајнтрахт и веќе има постигнато 19 гола на 22 меча. Португалецот минатото лето пристигна во Ајнтрахт од Милан во трампа со Анте Ребиќ, па би можел да се врати во Серија А.