Португалецот Семедо заради семејно насилство празниците ги мина во затвор
Поранешниот португалски репрезентативец Рубен Семедо се најде во проблеми со законот.
Според португалските медиуми поранешниот стопер на Виљареал изминатиот викенд физички ја нападнал својата партнерка, па дури и ја затворил во куќата недозволувајќи ѝ да замине. Поради тоа празниците ќе ги мине во затвор.
Семедо е фудбалер на катарски Ал-Кхор каде што е позајмен од Ал-Мархије. Поради семејно насилство му се заканува одземање на пасошот што ќе доведе до веројатно раскинување на соработката.
Инаку, ова не му е првпат да биде во слични проблеми. Во 2018 година тој беше уапсен во својот дом во Валенсија поради обид за убиство, насилен грабеж и илегален посед на оружје. Тогаш мина 142 дена во затвор, а беше пуштен откако плати кауција од 30.000 евра.
Исто така Семедо во два наврати беше обвинет за силување и семејно насилство.