Португалец го менува Томовски во Вардар
Вардар и официјално го потврди новото голманско засилување во името на Мигел Еспиња Фереира, кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување.
Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата и ќе му биде колега на Васил Гогов, кој исто така останува меѓу „црвено-црните“. Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец.
Во 2020 замина во Шпанија, каде што настапуваше за Уеска една сезона, потоа две години мина во францускиот Сесон Рен, а лани се врати во Асобал и една сезона мина во Сиудад Енкантада Куенка.
„Многу сум среќен и горд што доаѓам во таков историски клуб каков што е Варвар. Со нетрпение очекувам да ја почувствувам атмосферата во вардаровата сала со поддршка од неговите неверојатни навивачи. Сакам да им помогнам на моите соиграчи да ги постигнат целите на клубот во Европа и првенството. Се гледаме наскоро, изјави Фереира.