Посебен гест на Лејкерси во чест на Џери Вест

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи во спомен на легендарниот кошаркар и лидер на тимот Џери Вест да го стави неговиот број 44 на своите дресови. Во тековната сезона

Лејкерси на дресовите ќе имаат комеморативна лента со бројот 44, со кој Џери Вест играше во составот од Калифорнија.

Џери Вест почина дома на 12-ти јуни оваа година. Неговата силуета веќе неколку децении се користи во логото на НБА. За време на неговата играчка кариера освои една шампионска титула (1972), беше прогласен за МВП на финалето и беше 14-кратен Ол-стар учесник. Целата кариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс.