Последен обид – ПСЖ го прави Мбапе најскапоплатен играч во тимот
Париз Сен Жермен продолжува да се надева дека ќе успее да ја задржи својата ѕвезда Килијан Мбапе и поради оваа причина е подготвен да го направи најплатен играч во тимот, надминувајќи ги Меси и Нејмар.
Мбапе има договор до крајот на сезоната и е слободен да преговара со други клубови. Се верува дека Реал Мадрид води во трката за неговиот потпис. Минатата недела имаше информации дека „кралскиот клуб“се договорил за неговите лични услови и ќе добива рекордни 50 милиони евра годишно на „Сантијаго Бернабеу“.
Според информациите во некои француски медиуми, ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатен играч со тоа што ќе му понуди астрономски, но и краткорочен нов договор. Раководството на Париз не губи надеж дека 23-годишниот напаѓач ќе потпише нов договор и ќе остане во тимот. Оптимизмот доаѓа од тоа што Мбапе никогаш не изјавил дека ќе си замине по крајот на сезоната.