Последните две есенски кола во Првата лига пред празни трибини
Комисијата за натпревари која работи во рамките на Фудбалската федерација на Македонија ги извести клубовите од ПМФЛ и јавноста за одлуката поврзана со натпреварите од 17. и 18. коло кои се закажани за оваа седмица.
По барање на Министерството за внатрешни работи ФФМ донесе одлука сите преостанати натпревари во 2024 година да се одираат пред празни трибини. Освен средбите од одложеното 17. коло кои се закажани за во вторник, дуелите викендот кој следи исто така ќе бидат без публика.
Комисијата објаснува дека одлуката е донесена поради проценката на МВР по неодамнешните случувања во Македонија со палењето на државното знаме, а со цел да се избегне насилство и недолично однесување за време на натпреварите.