Постекоглу го сака Хименез од Феенорд во Тотенхем
Тотенхем на лето сака да го засили нападот и покажува интерес за напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Hименез.
Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат клубовите од Премиер лигата. Мексиканецот оваа сезона на 35 меча постигна 24 гол и запиша 5 асистенции, а на лето сигурно ќе сака да направи чекор напред во кариерата.
Феенорд знае дека нема да може да го задржи и за неговата слобода бара 60 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати.
„Спарси“ веруваат дека Hименез би бил идеален наследник на Хари Кејн, кој минатото лето го напушти клубот.