Постекоглу именуван за нов менаџер на Нотингем Форест

Анже Постекоглу е назначен за нов менаџер на Нотингем Форест. Клубот го објави назначувањето на австралиски стратег за главен тренер, откако претходно го отпушти Нуно Еспирито Санто.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, договорот на Постекоглу со Нотингем Форест е со важност до 2027 година. Постекоглу беше отпуштен од Тотенхем минатото лето. Тој беше на чело на Тотенхем од 2023 година и ја освои Лигата на Европа со клубот минатата сезона.

Нотингем Форест има четири бода од три натпревари во Премиер лигата оваа сезона и е на 10-то место на табелата.