Постигната согласност, Луис Енрике останува во Париз до 2029 година

Пари Сен Жермен е на еден чекор од продолжување на договорот со шпанскиот тренер Луис Енрике.

Според информациите кои беа објавени, новиот договор на Енрике со францускиот гигант ќе важи до 2029 година, со можност за продолжување до 2030 година.

Претходно, медиумските извештаи посочија дека раководството на ПСЖ му нуди на Енрике долгорочен договор со причина, бидејќи договорот на спортскиот директор Луис Кампос исто така истекува во 2030 година, а раководството го цени односот меѓу Португалецот и Шпанецот.

Тековниот договор на шпанскиот тренер со клубот е до летото 2027 година.