Постигнат договор, Модриќ во Реал и следната сезона

Лука Модриќ во наредните денови ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид. Модриќ иако има 36 години игра уште една фантастична сезона, па има понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Реал му понуди продолжување на договорот на уште една сезона, а двете страни немаа проблем да постигнат договор.

Хрватот во наредните денови ќе стави потпис на договор до јуни 2023 година и најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Сантиаго Бернабеу“.