Потврдено пристигнувањето на Павел Андреев во Вардар

Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар 1961, го потврди новото засилување за наредната сезона. Станува збор за Русинот Павел Андреев кој настапува на пикерската позиција.
29-годишниот досегашен член на тимот Чеховски Медведи има големо искуство со настапите на клупски, но и на репрезентативен план со селекцијата на Русија.
Андреев е четвртиот ракометар кој пристига како засилување во скопскиот тим. Претходно Вардар ги договори трансферите на Цехте, Анѓелиќ и Дуарте.