Потврден трејдот, Харден се сели во ЛА Клиперс
Челниците на Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс постигнале договор за трејд на едно од најпопуларните имиња на НБА сцената во последната деценија, Џејмс Харден. Веста утрово ја потврија повеќе извори во САД.
34-годишниот кошаркар инсистираше да биде разменет во друг тим и не се појави на медиумскиот ден на Филаделфија. Односот на играчот со управата на клубот е нарушен и затоа трејдот мораше да се случи.
Познати се и деталите на трејдот. Сиксерси ќе ги добијат Маркус Морис, Николас Батум, Роберт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, неколку драфт пикови, како и размена на пикови. Со Харден во Клиперси ќе одат и Пи Џеј Такер и Филип Петрушев.