Потер пред смена, Вест Хем ќе добие нов менаџер

Медиумите во Англија неведуваат дека тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Грим Потер, може да добие отказ по серијата на лоши резултати во Премиер лигата.

„Чеканите“ во пет кола имаат само една победа и дури четири порази. Последниот дојде од Кристал Палас во текот на викендот. „Мирор“ наведува дека челниците на лондончани имаат список со неколку имиња што може да го заменат Потер.

На истиот се ставени: Нуно Еспирито Санто, Славен Билиќ, Гери О’Нил и Шон Дајч кои во моментов немаат ангажман.