Потер претставен за нов предводник на Вест Хем

Вест Хем Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на англискиот стручњак Греам Потер на местото главен тренер на клубот.

Вест Хем Јунајтед со задоволство го пречекува Греам Потер како нов тренер на клубот.

49-годишниот фудбалски стрчњак потпиша две и пол годишен договор со „чеканите“ и ќе го предводи својот нов тим за прв пат кога „Чеканите“ ќе играат во третото коло од ФА Купот со Астон Вила во петок навечер.

„Високо почитуван и баран менаџер, Потер ја чекаше вистинската можност откако ја напушти својата последна функција во Челзи во април 2023 година. Тој беше едногласно избран од бордот на директори да го води клубот во согласност со неговите цели и амбиции“, се вели во соопштението на клубот.

Вест Хем Јунајтед се наоѓа на 14. место на табелата во англискиот шампионат. Тимот на 20 натпревари успеа да освои 23 поени.