Почетино во јуни се враќа на клупата на Тотенхем?

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. Италијанецот сигурно нема да потпише нов договор со Спарс, затоа што и управата не е подготвена во овој момент да му понуди нова соработка.
На Антонио Конте договорот му истекува на крајот на сезоната и самиот тој е скептичен дека би сакал да остане во Лондон.
Во меѓувреме, весникот „Мирор“ објави дека Тотенхем сака да си го врати Маурисио Покетино, кој го напушти клубот во 2019 година.