Почетино главен кандидат за клупата на Манчестер Јунајтед
Маурисио Почетино во моментов е главен кандидат за функцијата нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Аргентинецот на крајот на сезоната го напушти Челзи, според најавите би требало да седне на клупата на друг англиски гигант.
Одлуката е на раководството на тимот од „Олд Трафорд“ и на новиот косопственик Џим Ретклиф, кои мора да одлучат дали Ерик тен Хаг ќе остане на клупата и во следната сезона.
Се поголеми се шансите Тен Хаг да добие отказ, а во тој случај Почетоно е фаворит за нов тренер на „црвените ѓаволи“.