Почетино: Да го оставиме Мбапе сам да донесе решение за својата иднина
Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино изјави дека ќе направи се што е можно за да го убеди Килијан Мбапе да остане во тимот ова лето.
Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната, но тој сеуште го нема соопштено одговорот каде ќе ја продолжи својата кариера.
Почетино останува оптимист за иднината на 23-годишниот напаѓач во клубот.
„Килијан е наш играч и се надевам дека ќе биде тука уште долго. Разбирам дека на медиумите им се потребни вести за еден од најдобрите играчи во светот, но тој е дел од нашиот тим. Најдобро е да почекаме тој самиот да го соопшти својот став за иднината во кариерата“, потенцира Почетино.
Мбапе е под знак прашалник за реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите поради повреда добиена на тренинг.