Почетино заминува од американската клупа по Мундијалот

Шпекулација во медиумите, на две недели пред почетокот на Светското првенство би можела да ја потресе американската фудбалска репрезентација. Според неколку извори, селекторот на САД, Маурисио Почетино, веќе размислува за следниот предизвик и би можел да ја напушти репрезентацијата по Светското првенство за да ја преземе клупата на Милан.
Аргентинскиот стручњак доаѓа на првенството под зголемен притисок од јавноста. Во последните недели, тој се соочи со остри критики, и од играчите и од јавноста, за испраќање известување преку електронска пошта до играчите кои нема да играат на Светското првенство.
Неговата претходна работа на клупата на САД не ги убеди целосно навивачите, а според нови информации од Италија, проектот на Милан се појави како многу сериозна опција за неговата иднина, пишува „Марка“.
Италијанскиот инсајдер Николо Скира објави, дека Почетино ќе ја напушти репрезентацијата на САД по Светското првенство. Скира тврди дека Аргентинецот веќе добил официјална понуда преку посредник да стане нов тренер на Милан, а раководството на италијанскиот клуб очекува негов одговор во наредните денови.
Доколку Почетино се согласи, тие веднаш ќе почнат да го планираат летниот преоден рок. Во таков исход, иднината на мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименез станува неизвесна. Скира наведува дека Хименез не се смета за недопирлив во спортскиот проект на Милан.
Од друга страна, американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ има статус на играч кој не е на продажба, особено имајќи го предвид неговиот одличен однос со Почетино.
Освен Почетино, други тренерски имиња се поврзуваат со клупата на „росонерите“, вклучувајќи ги Андони Ираола и Чави Ернандез.
Сепак, Ираола наводно е блиску до преземање на Кристал Палас откако англискиот клуб ја освои Конференциската лига под водство на Оливер Гласнер.
За време на својата тренерска кариера, Покетино ги водеше Еспањол, Саутемптон, Тотенхем, ПСЖ, Челзи и американската репрезентација.
Со ПСЖ освои три национални трофеи: првенството, Купот и Суперкупот. Тој стана селектор на САД во септември 2024 година, а во 24 натпревари има 14 победи, едно реми и девет порази.