Почетино знае зошто Мбапе и Меси не се разбираа во ПСЖ

Маурисио Почетино вели дека Лео Меси и Килијан Мбапе имаат сосема различни стилови на игра, па било тешко двајцата да бидат задоволни во ист тим.
Во походот по сонот да доминира и во Европа, Ал Келафи во Париз направи страшно напаѓачко трио составено од Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар.
Маурисио Почетино ја имаше честа да го предводи овој ѕвезден тим на „светците“, и Аргентинецот сега проговори за проблемите со кои се соочувал.
„Меси сакаше играта да се гради од позади, трпеливо, преку додавања и комбинации, затоа што има способност да ја задржи топката и да помине покрај еден, двајца или тројца противници. Од друга страна, Мбапе беше сосема различен – кога ќе ја освоевме топката тој бараше простор за да тргне во длабочина. Само да му ја додадеш топката и тој да трча. И тука беше проблемот, ако играш по мерка на Меси, Мбапе веднаш се жали, „Мојот квалитет е во спринтот и да го искористам просторот“. Ако игравме по мерка на Мбапе, тогаш Меси не доаѓа до израз“.