Почетино: Имавме срамотно судење на натпреварот

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино, како главна причина за поразот на неговиот тим од Реал Мадрид го наведе судењето на натпреварот.

Францускиот тим загуби на „Сантијаго Бернабеу“ со резултат 3:1 и беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите. Почетино искажа огорченост од голот за израмнување  кој го постигна Карим Бензема и смета дека напаѓачот го фаулирал голманот Донарума.

„Ова е срамота! Не можеме да молчиме после ваков превид. Невозможно е ова да се случи во 2022 година. Кога ќе добиете таков гол, се менува целиот натпревар. Неверојатно е што ВАР не интервенираше. Прекршокот беше очигледен. Од секој можен агол се гледа дека се работи за фаул. Конечниот исход на натпреварот беше решен во 10 минути. Бевме подобриот тим во двата натпревари. Немам објаснување за нашиот пад во играта “, изјави револтираниот Почетино.