Почетино и ПСЖ не го пуштаат Нејмар во Бразил на рехабилитација
Маурицио Почетино рече дека клубот се уште не ја одредил програмата за рехабилитација на Нејмар, но не се планира негово одење во Бразил. Бразилецот се повреди во средата на мечот со второлигашот Каен во Купот на Франција и се очекува да е надвор од терените еден месец. Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Барселона, а под знак прашање е неговиот настап и за реваншот предвиден на 10 март. Во минатото, Нејмар рехабилитацијата најчесто ја правеше во татковината.