Почетино не одговара на прашања поврзани со Манчестер Јунајтед – „Среќен сум во Париз“

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино, одби да одговара на новинарските прашања поврзани со негова евентуална заинтересираност за премин во Манчестер Јунајтед.

Аргентинецот Почетино на прес конференцијата пред дуелот на ПСЖ и Манчестер Сити во рамките од Лигата на шампиони, кажа дека негов единствен фокус во моментот е на неговиот сегашен клуб и натпреварот што следува.

„Ова е спорт и бизнис каде што секогаш има гласини, но овие работи не смеат да ни го одвлечат вниманието. Спремни сме да дадеме 100 проценти за нашиот клуб. Среќен сум во Париз Сен Жермен и сум фокусиран на постигнување најдобар можен резултат на натпреварот во Манчестер“, изјави Почетино.