Почина боксерската легенда Џорџ Форман

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Џорџ Форман, почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Форман, беше еден од најдобрите боксери на сите времиња, со биланс од 76 победи и пет порази во текот на неговата славна кариера.
Во објава на Инстаграм, семејството го опиша Форман како „хуманитарец, олимпиец и двократен светски шампион, нагласувајќи дека тој е длабоко почитуван, дисциплиниран, уверен во своите вредности и заштитник на своето наследство, неуморно борејќи се да го зачува своето добро име – сè за доброто на неговото семејство“.
Форман го загуби првиот шампионски појас во 1974 година на мечот против Мухамед Али, но речиси две децении подоцна, тој повторно стана шампион, победувајќи го Мајкл Мареј.
Роден на 10 јануари 1949 година во Маршал, Тексас, Форман се преселил со своето семејство во Хјустон, каде што израснал во сиромаштија. Го напуштил училиштето како тинејџер и целосно му се посветил на бокост.
На амо 19-годишна возраст го освои златниот медал во тешка категорија на ЛОИ во Мексико Сити во 1968 година.