Почнува ФИБА проектот „Развој на млади играчи до 13 години“
Од среда до недела, нашата федерација ќе биде во улога на домаќин на новото издание на ФИБА проектот „Развој на млади играчи до 13 години“. Се работи за турнир на кој учество ќе земат и другите учесници-федерации од овој проект, оние на Романија, Бугарија, Турција и Косово.
Собирот ќе биде реализиран во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе се одиграат вкупно 20. натпревари во машка и во женска конкуренција.
Распоредот на натпреварите вели дека во првото коло, нашите две селекции ќе разигруваат против селекцијата на Турција (жените од 19;00, а мажите од 21:00 часот).
Наредниот ден, на 28 ноември, ќе играме против романските репрезентации. По денот предвиден за одмор, во сабота ќе играме против двете репрезентации на Бугарија, додека пак на затворањето на собирот во Скопје, од 13:00 и 15:00 часот, наши противници ќе бидат младите кошаркари од Косово.
Распоред на натпреварите:
27 ноември
15:00: Романија – Бугарија (ж)
17:00: Романија – Бугарија (м)
19:00: Македонија – Турција (ж)
21:00: Македонија – Турција (м)
28 ноември
15:00: Бугарија – Косово (ж)
17:00: Бугарија – Косово (м)
19:00: Романија – Македонија (ж)
21:00: Романија – Македонија (м)
29 ноември
15:00: Турција – Бугарија (ж)
17:00: Турција – Бугарија (м)
19:00: Косово – Романија (ж)
21:00: Косово – Романија (м)
30 ноември
15:00: Косово – Турција (ж)
17:00: Косово – Турција (м)
19:00: Македонија – Бугарија (ж)
21:00: Македонија – Бугарија (м)
1 декември
09:00: Турција – Романија (ж)
11:00: Турција – Романија (м)
13:00: Косово – Македонија (ж)
15:00: Косово – Македонија (м)