По големата прослава, Рамос со нов „ладен туш“!

Серхио Рамос полека се враќа во натпреварувачки ритам. После натпреварот со Елче, околу 60 минути на теренот забележа и против Аталанта, што му беше доволно и да се запише во листата на стрелци.
Клубот од Мадрид е во очекување на ждрепката за четвртфиналето во ЛШ, трката во Ла Лига за титулата е повторно актуелна. Веќе неколку месеци траат шпекулациите околу новото продолжување на договорот на Рамос, засега Перез нуди едногодишен договор со истите финансиски услови, а по смирувањето на пандемијата повторно да се седне на преговарачка маса.
Синоќа по натпреварот, капитенот на Реал изјави дека нема напредок во преговорите.
„Нема ништо ново по прашањето на моето продолжување на договорот или преговорите со Реал Мадрид.“ – изјави Рамос.
Според информациите, на ветеранот наводно не му се допаѓа предлогот на Перез, а интерес за него пројавуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.