По петти пат крводарителска акција на Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
Трите битолски фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, по петти пат организираат крводарителска акција. Во време на пандемија оваа акција е и повеќе од потребна, затоа од организацијата на овие фирми ги повикуваат своите вработени, како и сите граѓани кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип, кои се наоѓаат во населбата Кланица, од страната на реката Драгор и да учествуваат во акцијата.
Акцијата ќе се реализира на 21.01.2022 (петок) од 09 до 13 часот, а собраните крвни единици ќе бидат дистрибуирани во Трансфузиологија при Клиничката болница во Битола.
Досега овие три фирми во рамки на изминатите четири крводарителски акции, успеале да соберат над 120 крвни единици, што е рекорден број на дарување на крв, а ваквите акции продолжуваат и понатаму.