По само 20 дена, Гатузо ја напушта Фиорентина

Италијанските медиуми од синоќа пишуваат за веста која ја потврди и Фабрицио Романо, еден од најсигурните италијански, а и светски спортски новинари.

Џенаро Гатузо по само 20 дена во клубот ја напушта Фиорентина. Прекинот на соработката на поранешниот тренер на Наполи и клубот од Фиренца треба да се официјализира наскоро.

Раи и Скај Спортс тврдат дека нема шанси да се промени одлуката на Гатузо и наведуваат дека го напушта „Артемио Франки“ со спогодбен раскин на договорот.

Веќе при првите разговори за трансфери дојде до високи тензии помеѓу Гатузо и претседателот на клубот, Роко Комисо. Главниот човек на Фиорентина беше незадоволен од тоа што Гатузо за засилувања бараше играчи на кои им е менаџер Жорге Мендеш, истиот менаџер кој се грижи и за неговата кариера.

Фиорентина сакаше да доведе поефтини играчи, а Гатузо заговараше за клиенти на Мендес и тука дојде до несогласувања.