По тешката повреда, Нуркиќ мора на операција

Кошаркарот од Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ кој настапува за Портланд, ќе мора на операција на зглобот на десната рака, откако се повреди на натпреварот против Индијана. По таа повреда, тој ќе паузира најмалку два месеци. Тоа е нов пех за Нуркиќ, кој во 2019. година имаше скршеница на ногата, а се врати на крајот од минатата сезона. Пред таа повреда, имаше просек од 17 поени и 10 скокови по натпревар. На почетокот на оваа сезона, навивачите го критикуваа поради лошите партии. Нуркиќ ги пропушти подготовките бидејќи сакаше да помине повеќе време со семејството, откако неговата баба почина по компликации од коронавирусот. „Луѓето се однесуваат како да сум мртов. Не сум многу загрижен за тоа, но очигледно е дека сите сме луѓе и се соочуваме со нешто што се случува надвор од теренот и во нашите семејства. Сакам да му помогнам на екипата, поминаа само неколку натпревари и знам дека ќе биде се во ред. Не заборавив да играм кошарка и се обидувам да одам напред.“ – изјави 26-годишниот центар.